Бизнис
8. December 2022 - 13:55

ЕСМ произведе 12.634 MWh електрична енергија

АД ЕСМ  вчера произведe 12.634 MWh електрична енергија и со своето производство целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Како што информираат од владината прес – служба, во Термоелектраните произведени се 11.410 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1.224 MWh.  

-Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 5.964  MWh електрична енергија, наменета за дополнителни снабдувања по владини одлуки за потребите на Електродистибуција, МЕПСО, капацитети од прехранбената индустрија, училишта, јавни претпријатија и други објекти од виталната инфраструктура во државата, се додава во соопштението.