ЕУ: Британската Влада треба да не информира за следните чекори
Европската Унија денеска соопшти дека британската Влада треба „што е можно побрзо“ да ги информира преостанатите 27 земји членки на ЕУ за акциите што ќе ги преземе откако привремено беше одложено изјаснувањето на Парламентот за договорот за брегзит.
– Британската Влада треба да не информира за следните чекори, што е можно побрзо, објави портпаролката на Европска комисија Мина Андреева на Твитер.
Таквата одлука би можела да го принуди премиерот Борис Џонсон да побара ново пролонгирање на датумот за излегување на Велика Британија од ЕУ.
Пратениците кои гласаа за одложување наведоа дека така ќе имаат повеќе време за дебата за договорот, за да не ризикуваат брегзит без договор.
Џонсон изјави дека не сака да преговара со Брисел за ново пролонгирање на Брегзит.
Ново на Сител
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?
-
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година
-
Хуманитарна акција
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното