ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани
Европската Унија доби барање од Северна Македонија за помош во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврди за МИА портпарол на Европската комисија.
Повеќе детали за формата на помошта портпаролот најави за во текот на утрешниот ден.
Претходно, Европската комисија информира дека ЕУ е подготвена да и помогне на земјава преку нејзиниот Механизам за цивилна заштита, доколку таа го побара тоа.
Изрази на сочувство, солидарност и тага поради трагедијата изразија претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателките на Европската комисија и на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарките за проширување и за еднаквост, подготвеност и кризен менаџмент, Марта Кос и Хаџа Лабиб.
Најмалку 59 лица загинаа, а 155 се повредени во пожар што се случи синоќа во дискотека во Кочани.
Ново на Сител
-
Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп