-->
-->
ЕУ донираше 96 милиони евра за Хрватите да пијат подобра вода
-->
Речиси 96 милиони евра од Кохезискиот фонд, Европската унија денеска инвестираше за надградба на мрежите за водоснабдување и отпадни води во хрватските регионот Славонија и Истра, како и на островот Крк, јави дописникот на МИА од Брисел.
Комесарот за регионална политика, Корина Крецу, денеска истакна дека „секое евро што ЕУ го инвестира во овие проекти придонесува за подобар пристап до чиста вода за пиење и зачувана животна средина во Хрватска“.
Инаку, овој инвестициски пакет на Унијата вклучува 19,3 милиони евра за изградба на пречистителна станица за отпадни води и системи за филтрирање во градското подрачје Осијек и градовите Биље и Дарда, во североисточниот хрватски регион Славонија, за пред се заштита подземната вода од инфилтрација. Од ова, 125.000 луѓе ќе имаат корист преку подобар пристап до вода за пиење како резултат, а овој проект треба да биде завршен до крајот на 2018 година.
Исто така, речиси 28 милиони евра, Хрватите добија за надградба на четири пречистителни станици за отпадни води во урбаните подрачја на Лантерна, Пореч север, Пореч Југ и Врсар, во западниот регион Истра.
За подобар пристап до чиста вода за пиење на островот Крк, остров на кој живеат речиси 14.500 луѓе, Хрватска доби 48,5 милиони евра. Околу пет милиони туристички ноќевања на годишно ниво се регистрирани на Крк. А, работите вклучуваат реконструкција на речиси 40 километри водоснабдителна мрежа, изградба на шест пречистителни станици за отпадни води и изградба на 80 километри канализација.
Откако проектот на Крк ќе заврши во 2020 година, според Европската комисија, огромното мнозинство на островот ќе биде поврзано со современи канали за вода за пиење и канализација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Републиканката Луна бара портрет на Трамп да се постави на планината Рашмор
-
Уапсен хирург од битолска Клиничка болница за примање поткуп
-
Дваесет македонски компании реализирале извоз од над пет милиони евра преку Лидл Северна Македонија
-
Петковиќ: Србија на чело со Вучиќ никогаш нема да го признае Косово
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патот Гајре - Попова Шапка
-
Се поголема поддршка за иницијативата за бојкот на продавниците
-
ЕСМ производство бара 20% поскапо парно
-
Возач удрил пешаци па побегнал од местото на настанот - тешко повредено 73-годишно лице од Крива Паланка