ЕУ ги продолжи санкциите за поддржувачите на Хамас и Палестински исламски џихад
– Советот на ЕУ донесе одлука за продолжување за една година на постојните рестриктивни мерки кон поединци и субјекти кои ги поддржуваат, олеснуваат или овозможуваат насилните активности на исламистичките групи Хамас и Палестински исламски џихад (ПИЈ).
Со оваа одлука, санкциите за поддржувачите на овие две палестински милитанти групи се продолжени до 20 јануари 2026 година.
На листата на санкционирани поради поддршка на двете групи во моментов се наоѓаат 12 физички лица и три субјекти.
Ним им е замрзнат имотот во ЕУ и забрането е, директно или индиректно, да им бидат обезбедувани или доставувани финансиски средства или економски ресурси.
Дополнително на санкционираните поединци им е забранет влез во ЕУ.
Рамката за санкции на ЕУ кон поддржувачите, олеснувачите или овозможувачите на насилните активности на Хамас и Палестински исламски џихад беа воведени на 19 јануари 2024 година.
Оваа рамка се надоврзува на санкциите кон овие две групи кои се наоѓаат на листата на ЕУ на терористички организации.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка