ЕУ го предупреди Закерберг за пораст на дезинформации на платформите на Мета по нападот на Хамас
Комесарот за внатрешен пазар на Европската унија, Тиери Бретон му напиша писмо на извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, велејќи дека има „наплив на нелегални содржини и дезинформации“ на платформите на Мета.
Тој побара од Закерберг да биде „многу внимателен“ за да обезбеди усогласеност со правилата, да дејствува против нелегалната содржина и да употреби пропорционални и ефективни мерки за ублажување.
– Итно ве повикувам да обезбедите дека вашите системи се ефективни. Непотребно е да се каже дека, исто така, очекувам да бидете во контакт со релевантните органи за спроведување на законот и Европол и да се погрижите да одговорите навремено на сите барања, додаде тој.
Бретон го повика Закерберг да одговори на неговите барања во рок од 24 часа, потсетувајќи го дека може да бидат изречени казни доколку не се придржува до правилата.
Бретон го предупреди и американскиот милијардер и сопственик на социјалната платформа X (поранешен Твитер) Илон Маск дека платформата е преплавена со дезинформации за војната во Израел, што е спротивно на правната рамка на Европската унија.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола