ЕУ и постави ултиматум на Белгија поради ЦЕТА со Канада

Европската унија и даде рок на Белгија до вечер да се изјасни дали ќе го потпише Договорот за слободна трговија со Канада (ЦЕТА), кој е блокиран од белгиската покраина Валонија.
Валонија го отфрли ултиматумот, наведувајќи дека е разочарана од новиот предлог на Европската комисија за заштита на вложување.
Премиерот на валонска Влада, Пол Мањета оцени дека ултиматумот не е во согласност со демократскиот процес.
ЕУ ја повика Белгија до вечер да објави дали ќе го потпише Договорот бидејќи ако не го потпише нема да се одржи самитот за потпишување на Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада, што е предвиден за 27 октомври во Брисел.
Белгија е единствена од 28 земји-членки на ЕУ која го нема потпишано ЦЕТА, договор што се однесува на повеќе од 500 милиони Европејци, бидејќи го блокира Валонија, која има 3,6 милиони жители.
Белгија има седум парламенти и кога потпишуваат некој меѓународен договор секој мора да го ратификува.
За потпишување на ЦЕТА, ЕУ треба да има одобрување од сите 28 земји-членки.
Ново на Сител
-

Судиите утре избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници
-

Оклахома поуспешна од Њу Орлеанс, Денвер загуби од Детроит
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска „ја доби војната“ со Словенија
-

Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер по победи на Австралија опен
-

Осумнаесет натпревари од ЛШ во една вечер
-

Бруно Фернандеш заминува од Манчестер Јунајтед?
-

Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
-

Филипче: Поддршка за протестот на ССМ, но организирана партиска поддршка нема да дадеме
