ЕУ ја повика БиХ што е можно побрзо да формира власт
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург повторно ги повикаа одговорните во Босна и Херцеговина што побрзо да воспостават влада на државно ниво и во Федерацијата БиХ.
Ја потенцираме недвосмислената посветеност на европската перспектива на Босна и Херцеговина како единствена, обединета и суверена земја. Со оглед на тоа што од минатогодишните општи избори не се формирани влади на државно ниво, како и во Федерацијата БиХ, Советот го повтори својот повик БиХ без одлагање да формира влада која ќе почне да работи во интерес на сите граѓани, се вели во соопштението на Советот за надворешни работи.Босна и Херцеговина сè уште нема влада, иако изборите беа одржани пред една година.
Советот, исто така, ја потврди подготвеноста на ЕУ „во оваа фаза да продолжи да го спроведува извршниот мандат на операцијата ЕУФОР Алтеа за поддршка на властите на БиХ за зачувување на безбедно опкружување под обновен мандат на ОН“.
Ново на Сител
-
На Токсикологија нема пациенти кои го следеле „Тикток“ предизвикот со парацетамол
-
Обвинителот побара доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
530 возачи казнети во Скопје, 238 за пребрзо возење, 43 за возење без возачка, 10 под дејтсво на алкохол
-
Се чека одговорот на членовите на Судскиот совет
-
Еуроактив: Бугарија нема да попушти
-
Муцунски во посета на Австралија
-
СДСМ: Мицкоски потрошил 60.000 евра на социјални мрежи
-
Малолетниците кои кршат по паркови ќе работат општокорисна работа