ЕУ ја засилува употребата на плазма во лекувањето на Ковид-19
Европската комисија повика повеќе од 200 служби за собирање крв низ ЕУ да аплицираат за финансирање за набавка на опрема за плазмафереза која овозможува земање плазма од донатори.
Целта на оваа акција е да се соберат резерви и да се поддржи лекувањето на нови пациенти со Ковид-19 со крвна плазма од оздравени лица.
Лекувањето се состои од трансфузија на реконвалесцентна плазма на болни пациенти за да се зголеми имунитетот и способноста за борба против болеста.
Трансфузијата на плазма се користи и за прочистување на антитела за правење третман против Ковид 19 (имуноглобулин) како краткорочна алтернатива на вакцините.
– Реконвалесцентната плазма може да биде ветувачки третман за Ковид 19. Со денешното финансирање, направивме чекор понатаму во собирањето плазма и ги повикувам сите релевантни чинители да го искористат ова. Ние ќе продолжиме да ги истражуваме сите можни опции за поддршка на развојот и пристапот до безбедни и ефикасни третмани на Ковид-19 за заштита на нашите граѓани, изјави комесарката за здравство, Стела Киријакидес.
Претставници на Комисијата наведуваат дека овие грантови ќе бидат достапни за јавни и невладини организации за собирање крв, овластени за собирање плазма.
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново