ЕУ: Ќе помогнеме да се реши спорот меѓу Скопје и Софија

Несогласувањата со Бугарија нема да бидат тема на разговор на утрешниот самит ЕУ – Западен Балкан, но ЕУ уверува дека ќе стори сѐ да помогне да се надминат разликите меѓу Скопје и Софија.
Ова беше порачано денеска од страна на висок ЕУ дипломат инволвиран во подготовките за утрешниот самит. Тој истакна дека параграфот девет од загрепската декларација потсетува дека регионалната соработка е централен фактор за Европската Унија.
-Ќе сториме сѐ што можеме да ги олесниме соседските односи, сѐ за да го внесеме регионот во Европа, но дел од работата мора да дојде од самиот регион, да проба да ги реши проблемите сам, секаде има соседски проблеми, и во ЕУ ги има, силните односи и споровите со соседите не се ништо ново ниту извонредно, истакна дипломатот.
Ново на Сител
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
