Свет
20. October 2016 - 13:25

ЕУ ќе заземе одлучен став во однос на судирите во Сирија

Европската унија планира да заземе одлучен став за прашањето на судирите во Сирија и предупредува дека е можно сите сојузници на претседателот Башар ал Асад, вклучувајќи ја и Русија, да се соочат со евентуални санкции ако продолжат злоделата во Алепо.

- Европскиот совет ги осудува нападите на сирискиот режим и неговите сојузници особено Русија, врз цивили во Алепо, се вели во нацрт заклучоци од самитот во кои имале увид западни медиуми.

Шефовите на држави или влади бараат „итен прекин на непријателствата и обновување на кредибилниот политички процес под покровителство на ОН“.  

Во нацрт-документот се додава дека одговорните за кршење на меѓународното хуманитарно право и човекови права мора да бидат повикани на одговорност.

- ЕУ разгледува опции вклучително и санкции против поединци или организации, кои го поддржуваат режимот и ако продолжат злоделата, се вели во документот.