ЕУ: Мостот во Косовска Мировица симбол за нормализација на односите меѓу заедниците
Канцеларијата на ЕУ во Косово соопшти дека работите кои се изведуваат на мостот во Косовска Митровица се очекува да ги олесни контактите меѓу жителите од северниот и јужниот дел на градот, но и пошироко.
- Со отпочнувањето на имплементацијата на овој договор, мостот во Митровица ќе стане симбол на нормализирањето на односите меѓу заедниците.Овој мост се очекува да биде пуштен во употреба како за пешаци така и за возила од двете страни, според препораките од техничката оценка и архитектонскиот дизајн, за што се договорија двете страни во јуни 2015 година, стои во соопштението за медиумите.
Според електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“, по неодамна постигнатиот договор меѓу министерката за дијалог, Едита Тахири и преговарачот Марко Ѓуриќ, од дијалогот Белград-Приштина, работите на мостот почнале денеска најпрво во расчистување на барикадите.
Проектот е финансиран од Европската унија со средства во износ од над 1,2 милиони евра.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ