ЕУ одвои уште над милијарда евра за справување со последиците од ланските поплави низ Европа
Советот на ЕУ денеска реши од Фондот за солидарност на Европската унија да одвои дополнителни една милијарда и 28,54 милиони евра помош за Италија, Словенија, Австрија, Грција и Франција наменети за справување со последиците со елементарните непогоди што ги зафатија овие земји во текот на минатата година.
Од вкупните средства, кои вклучуваат и 231,78 милиони евра авансна исплата, 446,64 милиони евра ќе бидат наменети за помош на Италија за справување со последиците од поплавите во регионите Емилија-Ромања (378,83 милиони евра) во мај и Тоскана (67,81 милиони евра) во октомври и ноември 2023 година.
За санирање на штетите од поплавите во август минатата година, Словенија ќе добие дополнителни 428,41 милиони евра, а Австрија 5,20 милиони евра.
Грција како помош во санација на штетите од поплавите предизвикани од медитеранската бура „Даниел“ лани во септември ќе добие 101,53 милиони евра, а Франција дополнителни 46,76 милиони евра помош за поплавените области во регионот Норд-Па-де-Кале во ноември 2023 година.
По стапувањето на одлуката во сила, ЕУ од резервите за солидарност и од ставката за итна помош во Буџетот за 2024 година ќе ги префрли предвидените средства во Фондот за солидарност на Унијата, од каде потоа ќе им бидат исплатени на земјите погодени од ланските поплави.
Фондот за солидарност на ЕУ е инструмент наменет за обезбедување финансиска помош во случај на поголеми елементарни непогоди во земја членка на Унијата или во држава која води преговори за членство во блокот.
Ново на Сител
-
Трамп го назначи Стивен Милер за заменик-шеф за политика во новата администрација
-
СДСМ: Mицкоски сака да го партизира судството
-
Стејт Департмент: Блинкен ќе се сретне со израелскиот министер Дермер, САД инсистираат на поголема хуманитарна помош за Газа
-
Израел соопшти дека Хезболах истрелал 165 ракети кон северен Израел
-
ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
-
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог…
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор
-
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот