ЕУ постигна договор за вакцина против Ковид-19 со АстраЗенека
Европската унија соопшти денеска дека се согласиле да купат најмалку 300 милиони дози потенцијална вакцина против новиот коронавируис од АстраЗенека (AstraZeneca).
Тоа е прва таква европска набавка на вакцини што е договорена однапред, што може да ги поткопа плановите на Светската здравствена организација (СЗО) за глобален пристап.
Европската комисија, која преговара во име на сите 27 членки на Унијата, соопшти дека договорот вклучува можност да се купат уште 100 милиони дополнителни дози од таа британска компанија, доколку нивната вакцина се покаже безбедна и ефикасна. Договореното денеска следи по постигнатиот договор во принцип со АстраЗенека во јуни.
Комисијата објави дека целта на нејзиниот нов договор е финансирање на дел од трошоците за производство на вакцината. Брисел, исто така, наведе дека во последните две недели преговарале со Џонсон/Џонсон и Санофи, а во јули соопти дека е во преговори со Фајзер, Модерна и КјурВаком.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Фискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе започне
-

Тензично во советот на Кисела Вода
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
