-->
-->
ЕУ потврди дека во петок во Виена ќе има лидерска средба
-->
Европската комисија предмалку и официјално потврди дека е испратена покана до лидерите на четирите најголеми политички партии во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, за организирање лидерска средба во петок во Виена заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, иако претходно само потврди дека „Хан е заинтересиран за итна средба“, Маја Коцијанчиќ, портпаролката на еврокомесарот Хан, сега потврди нова лидерска средба в петок со посредство на Еворпската унија во главниот град на Австрија.
- Делегацијата на ЕУ во Скопје испрати писмо-покана во име на тројцата европратеници за средба на комесарот Хан со политичките лидери на земјата, што ќе се одржи во Виена во петокот на 22 април. Целта на состанокот ќе биде да се разговара за начините за решавање на кризата и да се осигура дека лидерите ќе продолжат со спроведување на договорот Пржино и со реформските приоритети, исткана Коцијанчиќ за МИА.
Исто така, гласноговорничката на Европската унија потврди дека поради последното влошување на настаните во Република Македонија, „комесарот Хан е подготвен да се види со лидерите во краток рок“ и дека „тие мора да покажат подготвеност да ја донесат нивната земја назад на евроатлантскиот пат“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени