ЕУ решава за воведување контрола на внатрешните граници
Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Брисел ќе разговараат за можноста за воведување контрола на внатрешните граници во рамките на Шенген зоната за период од две години, како една од мерките за справување со приливот на имигранти.
Прашањето за контрола на внатрешните граници во Шенген зоната, стана актуелно во рамките на Унијата откако Грција не успеа да се справа со миграцискиот прилив и со тоа предизвика незадоволство кај повеќето побогати членки на ЕУ, кои се главна цел на имигрантите.
Неколку земји-членки на ЕУ, меѓу кои и Германија, во последниве месеци веќе воведоа контрола на своите граници, мерка која според правилата на Шенген зоната не може да трае подолго од шест месеци.
Луксембург, кој е актуелен претседавач со ЕУ, соопшти дека поради ваквото правило „некои земји на Унијата“ не ќе можат да спроведуваат контрола на своите граници по март 2016 година, поради што било решено да се донесе одлука за внатрешна гранична контрола на ниво на Унијата и тоа за период од две години.
- Не станува збор за укинување на Шенген зоната, како што тврдат некои. Ова е само иницијатива која има за цел да претставува гаранција дека некои членки нема да побараат напуштање на Шенген зоната по март 2016 година, доколку состојбата во Грција не се подобри, изјави дипломатски извори од Брисел.
Ново на Сител
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија