ЕУЛЕКС е загрижен поради оставката на тројца полицајци од редовите на српската заедница на северот на Косово
Шефот на Мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС), Џовани Пјетро Барбано, денеска изјави дека е загрижен поради оставката на тројцата српски полицајци кои неодамна се приклучија на косовската полиција.
„ЕУЛЕКС внимателно го следи развојот на овие настани кои предизвикуваат загриженост. Составот на полициските сили треба да го одразува и претставува општеството на кое му служи и го штити“, напиша Барбано на својот профил на X (Твитер).
Тој додаде дека припадниците на косовската полиција кои доаѓаат од немнозинските заедници можат, со ориентирање на работата на полицијата кон нивната заедница, да придонесат за нејзината безбедност.
„Мисијата (ЕУ) е посветена на поддршката на косовската полиција да развие поефективно, поефикасно, репрезентативно и одговорно спроведување на законот и редот од страна на полицијата“, напиша Барбано.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти