-->
-->
ЕУРО 2016: Италија ја постигна втората победа
-->
Репрезентацијата на Италија ја постигна и втората победа на Европското првенство откако попладнево во Тулуз ја победи Шведска со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Едер во 88.минута. Италија со овој триумф заедно со домаќинот Франција се единствените селекции со максимален учинок и обезбеден пласман во осминафиналето.
Ова беше првиот дуел од 2.коло од Е групата, а утре ќе играат Република Ирска и Белгија. Шведска остана на еден бод.
Денеска на Европското првенство се играат и двата натпревара од групата Д. Во 18 часот е почетокот на дуелот во Сент Етиен меѓу Хрватска и Чешка, а од 21 часот во Ница играат европскиот шампион Шпанија и Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален