-->
-->
ЕУРО 2016 - квалификации: Минимален пораз од Шпанија (0:1)
-->
Репрезентацијата на Македонија забележа минимален пораз од Шпанија во 8.коло од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2016.
Решавачкиот момент на синоќешната средба се случи во 8.минута кога по еден центаршут на Хуан Мата од десната страна, Томе Пачовски неспретно интервенираше и топката влезе во голот.
И покрај поразот македонските фудбалери се прикажаа во различно издание од претходната средба со Луксембург, а за борбеноста и ангажираноста добија аплаузи од 25-илјадната публика на „Филип Втори“.
По овој пораз Македонија остана на последното место во групата со само една победа, додека Шпанија го искористи нерешениот резултат на Словачка и се издвои сама на првата позиција.
Следниот дуел Македонија го игра повторно на домашен терен, противник ќе и биде Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ