Еурофарм Пелистер се засили со хрватскиот голман Филип Ивиќ
Ден откако договори соработка со македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер соопшти попладнево дека ја засили голманската позиција и со искусниот 31-годишен Хрват, Филип Ивиќ.
„Ни претставува особено задоволство што повторно во дресот на Еурофарм Пелистер ќе игра хрватски репрезентативец. Голманот со големо интернационално искуство, Филип Ивиќ, е нов член на нашиот клуб“, се наведува во клупското соопштение.
Хрватскиот репрезентативен голман Ивиќ доаѓа во Битола како слободен ракометар од францускиот Шамбери, а со Еурофарм Пелистер потпиша договор на една плус една година.
Ивиќ, висок 195-сантиметри, кариера ја почна во Загреб, по што ги бранеше боите на полскиот Киелце, бундеслигашот Гумерсбах, словенечкиот Целје Пивоварна Лашко и на Шамбери. Ивиќ долги години го носи дресот на националниот тим и настапи и на последното Европско првенство во Германија.
Официјалното претставување на Ивиќ во Битола е предвидено на крајот на мај.
Ново на Сител
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид