Loading Video...
Ракомет
23. October 2020 - 20:25

Еурофарм Пелистер со нетрпение го очекува гостувањето во Данска

Еурофарм Пелистер по подолга пауза конечно ќе одигра првенствен натпревар и тоа во Лига Европа.  Битолчани следниот вторник ќе гостуваат во Данска каде ќе играат против ГОГ Гудме. Интернационалецт Јосип Периќ очекува тежок натпревар во кој клучен фактор би требало да биде одбраната на битолскиот тим која треба да ги запре брзите транзиции и контри на ГОГ.