-->
-->
Евакуиран судот во Нови Сад поради дојава за бомба
-->

Зградата на судот во Нови Сад утрово е евакуирани околу 9:00 часот поради дојава дека е поставена бомба, јавува Танјуг.
Вработените се наоѓаат во дворот на зградата, а специјалната екипа на полицијата ја пребарува зградата.
За денеска во зградата на судот е закажано рочиште за случајот против Горан Давидовиќ, лидерот на забранетата организација „Нацинален строј“, поради обвинение дека со неговата група во 2007 година ги нападнале учесниците на антифашистичкиот марш.
Според најавите, Давидовиќ ќе се појави на рочиштето, но се уште не се знае дали рочиштето воопшто ќе се одржи поради дојавата за поставената бомба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
