Еве како изгледаат два килограми масти споредени со два килограми мускул

Малкумина со сигурност досега виделе како изгледа количината на масти споредена со мускул, па со сигурност можеме да кажеме дека оваа фотографија го прикажува животот од друга перспектива. На нејзе се гледа споредени 2 килограми масти со 2 килограми мускил.
Еве неколку совети како да ја спречите оваа непријатна појава:
1. Хранете се здраво
Првата и најважна работа со која можете да ја спречите појавата на вишок масти е да внимавате на храната која ја јадете. Тоа значи дека треба да консумирате повеќе овошје и зеленчук.
Исто така, потребна ви е и храна која е богата со растителни влакна кои ќе ви помогнат да согорувате повеќе калории, односно да го забрзате вашиот метаболизам.
Јадете повеќе протеини и сложени јаглехидрати како што е скробот.
2. Јадете помали оброци
Подобро е да имате помали оброци во еднакви интервали одошто три или два големи оброка.
3. Појадувајте
Не го избегнувајте појадокот, ако го правите тоа, на крајот од денот ќе јадете многу повеќе отколку што е потребно.
4. Пијте повеќе вода
Големите количини на вода го забрзуваат вашиот метаболизам. Исто така, важно е да пиете вода пред самите оброци, бидејќи на тој начин ќе јадете помалку.
5. Пијте зелен чај
Започнете го денот со шолја зелен чај и понатаму во текот на денот добро е да испиете уште 3 до 4 шолји зелен чај. Така го забрзувате вашиот метаболизам.
6. Вежбајте кардио
Кардио вежбите се одличен начин како да согорите повеќе калории и да се ослободите од вишокот маснотии од целото тело. Можете да пливате, планинарите, скокате на јаже...
7. Качувајте се по скали, наместо да се возите во лифт
На овој начин ќе согорите уште повеќе калории и ќе се чувствувате поздрави.
Ново на Сител
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
