Џет-Сет
22. April 2016 - 12:48

Еве како Северина го прослави роденденот

Северина Којиќ го прослави својот 44. роденден, а на социјалните мрежи нејзините фанови постираа честитки до големата хрватска музичка ѕвезда.

Инаку Северина прво објави фотографија со својот син Александар како заедно се лулаат во парк. Потоа на Фејсбук објави фотграфија на која позира со насмевка од уво до уво, држејќи балон во рака.

-Никогаш јас нема да бидам жена на свои години - напиша Северина покрај фотографијата.