Еве какво време не очекува утре
Времето во Македонија утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во планинските подрачја можен е локален краткотраен дожд. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а дневната од 29 до 36 степени, УВ = 8.
Во Скопје сончево време и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ке се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 33 степени.
Во следните два дена ќе има преодно наоблачување, при што во планинските подрачја можен е локален краткотраен дожд. Во вторник ќе дува и умерен, на места повремено засилен северен ветер што ќе услови благо опаѓање на дневната температура. Потоа од среда повторно ќе биде стабилно, суво и потопло со УВ = 9.
Ново на Сител
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима
-
Мицкоски: Ако сакаме во ЕУ мора да го урнеме корумпираниот систем
-
Освен на културните работници, платата им доцни и на стотици други вработени во државни институции
-
Извештај на ММФ
-
Преглед на вестите од светот
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди