Македонија
14. August 2015 - 18:31

Еве какво време не очекува за викендот?

За време на викендот ќе остане трендот на нестабилно време попладне, со тоа што во недела има потенцијал врнежите да бидат со локален пороен карактер, особено во западниот дел од земјата, објави Метеопро.

Во сабота врнежите, слично како и во петок, ќе бидат позастапени во планинскиот крај во западната половина од земјава. 

Температурата во сабота ќе биде слична на петочната, додека недела во однос на овие два дена ќе биде посвежа за околу 2 целзиусови степени.