Македонија
31. August 2016 - 18:47

Еве кои делови од Скопје ќе останат без вода утре

Без вода утре од 8 часот ќе бидат жителите на улицата „Луј Пастер“ број 9 во општина Центар.

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од Водовод и канализација, информира дека причина за прекинот е дефект на затварач на оваа улица.

Жителите од оваа улица ќе бидат без вода се до отстранување на дефектот.