Свет
10. јуни 2018 - 10:50

Еве кој заведе ред меѓу лидерите на Г7: Една сцена снимена од различни агли стана ХИТ, за ова сите зборуваат

На тукушто завршениот самит на Г7 во Квебек е забележан момент од многу важниот разговор на светските лидери, но - на четири различни фотографии, снимени речиси истовремено, од различни агли, од кои секоја доловува различен „однос на силите“ меѓу актерите и повеќе верзии на истата сцена.

Така, на фотографијата објавена на налогот на германската канцеларка Ангела Меркел на Инстаграм, таа доминира опкружена со соговорниците - во обид да ги реши разликите во ставовите - во стоечки стан и раце одлучно потпрени на масата, а погледот и е вперен кон американскиот претседател Доналд Трамп, кој седи од другата страна масата и немо гледа во неа.

Оваа фотографија предизвика многубројни коментари, а некои корисници на социјалните мрежи Меркел ги потсети на учителка која го укорува невоспитаниот ученик - трамп.

Инаку прашана во текот на самитот за односите со Трамп, Меркел рече дека тие двајцата секогаш не се сложуваат, но дека можат да разговараат еден со друг, односно „одржуваат многу отворени и директни односи“.

Истовремено, на Твитерот на Трамп може да се види фотографија со истата сцена, меѓутоа на неа во прв план е тој, како од седечки став им се обраќа на лидерите околу себе и сите погледи се свртени кон него.

Во меѓувреме, на налогот на францускиот претседател Емануел Макрон на истата социјална мрежа е објавена фотографија снимена речиси во истиот момент, од друг агол, на која во „главна улога“ е Макрон, додека, гестикулирајќи, зборува покрај Меркел.

Фотографија од истата сцена, повторно од друг аголе, е објавен ана налогот на Твитер на италијанскиот премиер Џузепе Конте, на која тој стои покрај Трамп и чита некаков документ, веројатно заедничко соопштение.

Дводневниот самит на седумте индустријализирани земји во Квебек заврши вчера, а лидерите во заедничко соопштение се заложија за „слободна и фер трговија“ и борба против протекционизмот.