Еве што ќе ви се случи ако изедете расипано јајце

Салмонелата е еден од најчестите облици на труење, а јајцата може да бидат причина за тоа. И лушпата и внатрешноста на јајцето, вклучувајќи ја и жолчката и белката, може да бидат контаминирани со салмонела, а неправилната примена и чувањето на јајцата го зголемува тој ризик.
Салмонелата се шири со текот на времето и поради тоа старите јајца можат да имаат поголемо количество од оваа бактерија. Ова посебно се однесува на јајцата кои се чуваат на температура од 5 степени Целзиусови.
Други опасности

Секое јајце со тек на време ќе се расипе, а како што стареат во нив може да се појават различни видови бактерии зориа кои јајцето добива зеленкаста боја и развива киселкаст вкус.
Иако овие бактерии не предизвикуваат труење, од нив може да ви биде лошо.
Ако забележите промена на бојата на јајцето, или чуден мирис, немојте да ги јадете.
Јајцата секогаш чувајте ги во фрижидер, а ако во некој случај стоеле надвор повеќе од 2 часа, најдобро е да ги фрлите.
Кога јајцето ќе се загрее, тоа почнува да се „поти“ и така го поттикнвуа растот на бактериите.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
