Еве зошто Путин прв доби чадор на СП, додека Колинда и Макрон останаа накиснати на дождот
По победата на Франција во неделното финале на СП, речиси најголемото внимание при доделувањето на пехарот, наместо фудбалерите го привлекоа претседателите на Русија, Хрватска и Франција.
Најголемото внимание го предизвикаа Колинда Грабар Китаровиќ, Владимир Путин како и Емануел Макрон откако на стадионот во Москва за време на доделувањето на пехарот заврна силен дожд.
По неколку секунди Владимир Путин доби чадор, додека останатите двајца претседатели останаа да врнат на дождот.
Руските медиуми по бурата реакции открија зошто не било дозволено Путин да не биде измокрен ниту од една капка дожд.
-Грижата околу чадорите е грижа за луѓето кои го чуваат претседателот. Во извештаите на руската безбедносна служба јасно пишува дека чадорот треба да се отвори преку главата на Путин веднаш штом падне првата капка дожд. А во оваа прилика треба да се запрашаат телохранителите на Макрон и Колинда кои дозволиле ваков пропуст, стои во соопштението на руската служба.
Секако дека и останатите двајца претседатели добија чадори, но многу подоцна.
Ново на Сител
-
Албанија: Потврдена пресудата за Фреди Белери, со тоа го губи градоначалничкиот мандат
-
Украина се надева дека ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година
-
Курти со честитка до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери
-
Скопјанец осомничен за тешка кражба на дрзок начин
-
Жител на Пробиштип неовластено подигнал туѓи средства од банкомат
-
Кривична пријава против двајца жители на Кочани кои копале злато во делчевско
-
Отворена истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово
-
Чибишев нов директор на Токсикологија, Меџити на Неврологија, утре нов директор ќе има и Онкологија