Џет-Сет
26. March 2016 - 11:57

Еве зошто во Нови Пазар Северина е непожелна

Граѓаните не сакаат да ја видат хрватската поп ѕвезда на прославата на Денот на градот на 20 април зошто сметаат дека таа поради својата секс снимка е лоша промоција за градот.

Откако градските власти најавија дека во Нови Пазар на 20 април ќе пее Северина Којиќ и дека настапот ќе чини 40.000 евра, бројни граѓани се побунија на социјалните мрежи и на санџачките портали.

Тие сметаа дека порно ѕвездата, како што ја нарекоа, не смее да пее во Нови Пазар зошто е лоша промоција на градот со оглед на тоа што пред неколку години во јавноста се појави нејзината приватна порно снимка.