Евроамбасадорот Самуел Жбогар во посета на Тетово
Вистински европски ден во Тетово. Вака евроамбасадорот Самуел Жбогар ја оцени својата денешната посета на Тетово во чии рамки ја посети и се сретна со вработените и учениците на тетовската гимназија Кирил Пејчиновиќ, а потоа имаше и средба со градоначалничката на општината Теута Арифи.
Претходно раководителот на одделот за соработка во мисијата на ЕУ во Скопје Николо Бертолини во другата тетовска гимназија 7 Март одржа работилница за добивање средства од ЕУ фондовите за претставници на локалните власти, невладините организации, бизнисмените и фармерите од регионот.
-Пријатно сум изненаден од ентузијазмот на учениците во гимназијата Кирил Пејчиновиќ и нивниот интерес и за ЕУ, но и за својата земја. Посакуваав на оваа средба да беа присутни и политичките лидери самите да ги слушнат размислувањата и да прифатат дел од советите на овие млади луѓе кои се иднината на оваа земја. Со градоначалничката Арифи разговаравме за реализацијата на еден од најголемите проекти на ЕУ во земјата – изградбата на пречистителна станица за отпадните води за Тетово и околината како и можните идни проекти што ќе придонесат за понатамошен успешен развој на градот, рече амбасадорот Жбогар.
Одговарајќи на новинарско прашање зошто најголем дел од изградбата на патната инфраструктиура што е финасирана од ЕУ претежно се наоѓа во источниот дел од државата Жбогар изјави дека кај нив никогаш географијата не била принцип за распределување на средства, туку дека сите зафати се реализираат во соработка со Владата за таму каде има потреба и подготвн проект за тоа.
-Тетово со добиени 23 милиони евра за изградба на пречистителна станица е меѓу водечките проекти на ЕУ во земјава и се надевма дека ќе има уште такви и слични зафати во иднина и за Тетово и за Полог, рече Жбогар.
Ново на Сител
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување
-
Грузиската опозиција не ги прифаќа изборните резултати, најави улични протести