Кошарка
7. September 2017 - 8:29

Евробаскет 2017: Познати осминафиналистите од групите А и Б

Со одигрувањето на натпреварите од 5.коло во групите А и Б познати се првите осум селекции кои обезбедија пласман во осминафианлето на Европското првенство. Во А групата во Хелсинки ко-домаќинот Финска го победи Исланд, а на дуелот од Б групата што се одигра во Тел Авив, Украина го победи ко- домаќинот Израел и со тоа го освои четвртото место во групата.
 
Резултати 5.коло група А: Словенија – Франција 95:78, Грција - Полска 95:77. Финска – Исланд 83:79.
Табела: Словенија 5-0 (победи-порази), Финска 4-1, Франција 3-2,  Грција 2-3, Полска 1-4, Исланд 0-5.
 
Резултати 5.коло група Б: Германија – Литванија 72:89, Грузија – Италија 69:71. Израел – Украина 64:88.
Табела: Литванија 4-1, Германија 3-2, Италија 3-2, Украина 2-3, Грузија 2-3, Израел 1-4.
 
Во осминафиналето на 9.септември (сабота) во Истанбул ќе играат:
Германија - Франција,
Словенија - Украина,
Литванија - Грција и
Финска - Италија.    
Денеска се играат натпреварите од 5.коло во групите Ц и Д.