Еврогрупата и даде 24-часовен рок на Грција да ги финализира мерките барани од кредиторите
Еврогрупата и дала на Грција рок од 24 часа да ги финализира последните мерки, што и се зададени од кредиторите, а кои се условот за почеток на процедурата за префрлање на новата транша од 7,5 милијарди евра од финансиската помош за земјата.
Овој рок беше утврден синоќа на седница на Еврогрупата, информираат грчките електронски весници.
Прашањата што висат, а кои Атина треба да ги финализира во следните часови од рокот, се однесуваат на префрлање на пет отсто од акциите на државниот Телеком во Фондот за приватизација на државниот имот ТАИПЕД и на потпишувањето меморандум за концесија на стариот атински аеродром Елиникон.
-Грчките власти досега реализираа 95 отсто од промените, но не ги извршија сите промени, а некои од нив треба да се случат во следните часови, изјави еврокомесарот Пиер Московиси, изкажувајќи увереност дека Атина ќе ги исполни барањата на кредиторите.
Грчкото Министерството за финанси соопшти дека до денеска ќе бидат надминати сите нереализирани прашања и дека најверојатно траншата од 7,5 милијарди евра ќе биде префрлена до крајот на јуни.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект