-->
-->
Еврокомесарката Кристалина Георгиева поднесе оставка
-->
Европската комисија денеска соопшти дека еврокомесарот за буџет и човечки ресурси и потпретседател на институцијата, Кристалина Георгиева поднела оставка на функцијата.
Како што јави БТА, оставката на Бугарката Георгиева ќе стапи во сила најдоцна до полноќ на 31 декември 2016 година, во зависност од развојот на преговорите за новиот буџет на ЕУ.
Во соопштението се наведува дека од 2 јануари 2017 година Георгиева „се враќа во Светската банка“.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека го замолил еврокомесарот Гинтер Ојтингер да ги преземе надлежностите на Георгиева.
Јункер најави и дека е подготвен на разговори со бугарскиот премиер Бојко Борисов за можниот нов кандидат за бугарски еврокомесар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград
-
Парламентарни избори 2024
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот