Еврокомесарот Хан го поздрави ратификувањето на Договорот со Бугарија
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на Твитер го поздрави денешното ратификување на Договорот за добрососедство со Бугарија во Собранието на Република Македонија.
- Тоа е важен чекор во вистинска насока на патот на земјата кон ЕУ. Договорот е исто така пресвртница во добрососедските односи за целиот регион на Западен Балкан, пишува во Твитер објавата на еврокомесарот Хан.
Пратениците денеска на 30-тата собраниската седница со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Во работата на Парламентот не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Договорот меѓу Република Македонија и Република Бугарија беше потпишан на 1 август 2017 година од премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.
Ново на Сител
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции