-->
-->
Евролига: Победи на фаворитите
-->

Екипите кои се борат за највисок пласман во кошаркарската Евролига, забележаа победи на средбите од 17 коло.
Актуелниот првак Фенербахче славеше на гостувашето кај шпанскиот шампион Валенсија со 88-67.
Лидерот на табелата московска ЦСКА ја забележа најубедливата победа совладувајќи го Армани во Милано со 107-81.
Во Атина, Панатинаикос беше подобар од Барселона со 84-75, додека најнеизвесниот меч се одигра во Тел Авив каде Макеби минимално со 90-88 го победи германскиот шампион Бамберг.
Денеска на програмата се преостанатите четири средби од оваа рунда, а двојките се: Химки - Реал Мадрид, Анадолу Ефес - Црвена ѕвезда, Жалгирис – Уникаха и Басконија – Олимпијакос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
