Кошарка
11. March 2017 - 10:12

Евролига: Реал Мадрид не го испушта првото место

Екипата на Реал Мадрид оствари убедлива победа на последниот натпревар од 25.коло од кошаркарската Евролига откако на домашен терен ја победија Црвена Звезда со 98:68. „Кралскиот клуб“ ги доби сите четири четвртини, а во првата постигна 38 поени со што ја најави убедливата победа.
Резултати на натпреварите од 25.коло: Реал Мадрид – Црвена Звезда 98:68, Олимпијакос – Дарушафака 81:73, Анадолу Ефес – Бамберг 68:87, Барселона – Уникс 70:62, Макаби – Армани Милано 92:82, Жалгирис -  Панатинаикос 64:58, Фенербахче – Басконија 74:79 и ЦСКА Москва – Галатасарај 85:69.
Табела: Реал Мадрид 19-6 (победи-порази), ЦСКА Москва 19-6, Олимпијакос 18-7, Фенербахче 16-9, Басконија 14-11, Панатинаикос 14-11, Црвена Звезда 14-11, Анадолу Ефес 13-12, Дарушафака 12-13, Жалгирис 11-14, Барселона 10-15, Бамберг 9-16, Макаби 9-16, Галатасарај 8-17, Уникс 7-18, Армани Милано 7-18.