Македонија
22. April 2017 - 9:32

Европа и мигрантската криза – справување со причините и последиците

Европа и мигрантската криза - справување со причините и последиците е темата на дебатата што денеска во Скопје ја организира Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ).

- Во чест на одбележување на Денот на Европа 2017 година, Европското движење во Република Македонија веќе неколку години организира серија од дебати, придонесувајќи за промовирање и јакнење на европските вредности. Во спонтана атмосфера се дискутираат прашања, за кои јавноста покажува особен интерес. Едно од прашањата со кое јавноста е сè уште преокупирана е мигрантската и бегалската криза, чие решавање најчесто се поврзува со отстранување на последиците и избегнувањето на хуманитарната катастрофа, што претставуваше платформа за заедничка соработка и размена на искуства во Европа, посочуваат од ЕДРМ.

На дебатата се осчекува да говорат Мартин Безак, амбасадор на Република Словачка, Соња Божиновска, шеф на канцеларијата на ИОМ во РМ, како и Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на Македонија.