Европарламентот ќе побара прием на Бугарија и на Романија во Шенген
Европскиот Парламент утре ќе гласа за резолуција со која се бара Бугарија и Романија до крајот на годината да бидат прифатени во Шенген-зоната. Во текстот на резолуцијата се прецизира дека од почетокот на следната година треба да се укинат проверките на внатрешните граници на двете земји.
Се очекува ЕП да го поздрави фактот што Софија и Букурешт поканија нова мисија на ЕУ за проверка на состојбата на надворешните граници, јави БТА.
Европратениците задутре ќе гласаат за новите извештаи на Европската комисија за напредокот на земјите од Западен Балкан и Турција на патот кон ЕУ. Се очекува тие да го поздрават официјалниот почеток на пристапните преговори со Република Северна Македонија и со Албанија и да побараат укинување на визите за косовските граѓани. Европратениците најверојатно ќе ја повикаат Србија да ги почитува санкциите на ЕУ против Русија, се наведува во соопштението на ЕП.
Европратениците утре ќе разговараат за последиците од војната во Украина, вклучително и на полето на енергетиката и миграцијата. Предвидена е дебата и за заштита на европската енергетска инфраструктура по саботажата на гасоводот „Северен поток”
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани