Европејците од почетокот на пандемијата трошат помалку и штедат повеќе

Реалната потрошувачка на домаќинства по глава на жител во првиот квартал од 2020 година во земјите од еврозоната опадна за три проценти, а во целата Европска унија за 2,9 проценти, објави Евростат.
Се наведува дека тоа е периодот кога во сила беа широки мерки за заштита од ширење на Ковид-19 и дека ова е најголем пад на потрошувачката на домаќинствата во ЕУ од 1999 година и почетокот на мерењето на таквата статистика.
Евростат наведува дека во истиот период имало зголемување на бруто расположливиот приход кај домаќинствата во еврозоната за 0,9 проценти, а на ниво на ЕУ за 1,2 проценти.
Објаснето е дека врз зголемувањето на приходите позитивно влијаело намалувањето на тековните даноци и нето социјалните давачки, но и зголемувањето на социјалната помош на државите.
Во првиот квартал на 2020 година, стапката на заштеда на домаќинствата во еврозоната и ЕУ се зголемила за 4,3 проценти во однос на четвртиот квартал од 2019 година.
Највисоки зголемувања се забележани во Белгија, Данска и Холандија, а најмали во Полска, Шведска и Чешка.
За сите држави членки, освен две, зголемувањето на стапката на заштеда е објаснето со силно намалување на индивидуалните трошоци.
Падот на индивидуалната потрошувачка во домаќинствата е најизразен во Италија, Шпанија и Белгија, а потоа следува и Франција.
Во исто време, бруто расположливиот приход варирал, зголемувајќи се во Полска, Данска, Чешка, Ирска, Холандија и Финска, а се намалил во Шпанија, Италија, Португалија, Германија и Австрија.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
