-->
-->
Европол претставува своја верзија на онлајн божиќен календар
-->

Божиќните или адвентски календари, што ги одбројуваат деновите од 1 декември до Божиќ по грегоријанскиот календар на 24 декември, традиционално содржат најразлични мотиви и подароци.
Но, оваа година Европол претставува своја верзија на онлајн божиќен календар, на кој се ликовите на најбараните криминалци во Европа.
– Од 1 декември, па во наредните 23 дена, секојдневно ќе објавуваме по еден бегалец од некоја од членките на Европската унија. Се работи за сторители на сериозни кривични дела, како што се убиства, тероризам, киднапирања, силувања и шверц на дрога. Дневно, еден лик на криминалец кој моментно е во бегство, ќе биде објавуван на Фејсбук и Твитер, изјави вчера портпаролот на Европол, Џералд Хестер.
Денеска ќе биде објавена фотографија на Тибор Фоко (60) од Австрија, кој е осуден и се бара за убиство на проститутка во 1986 година. Тој побегнал од затвор во 1995, а наградата за информација што би помогнала за негово повторно апсење, изнесува 2.900 евра.
– Се надеваме дека на 24 декември ќе им дадеме убав подарок на луѓето, така што ќе фатиме некои од овие криминалци, рече Хестер.
Од 1 јануари, па досега, со објавувањето на потерниците онлајн и на социјалните мрежи, се уапсени вкупно 24 бегалци-затвореници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
35-годишен маж од Тетово си ја заклучувал и тепал сопругата
-
Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни
-
Инзаги: Прво би ја забележал играта на Интер, не резултатот
-
Горивата поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
-
Во близина на семејната куќа во село Ореше пронајден мртов 60-годишен маж
-
Кривична пријава за едно физичко и две службени лица поради проневера во службата
-
Вкупно 895 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 273 за брзо возење
-
Директорот на Геријатрила барал 100.000 евра мито, предложил пациентот да продаде стан за да дојде до бараната сума