Европол со предупредување за можни терористички напади за време на ЕП во фудбал во Франција
Полициската служба на Европската унија, Европол предупредува за опасност од терористички напади за време на Европското првенство во фудбал во Франција од страна на ИД. Тоа го изјави директорот на службата Роб Вејнрајт во интервју за Велт.
– Европското првенство е можна цел на терористите, изјави тој.
Шефот на Европол ги повика европските држави да формираат единствена база за опасни исламисти.
– Реално, во државите од ЕУ досега нема квалификација кој би бил означен како особено опасен терорист, признава тој.
– Неопходно е да се воведат такви категории. Само така ќе знаеме кој навистина може да изврши терористички напад, нагласува Вејнрајт.
Тој додава дека се знае податокот дека од Европа во Ирак и Сирија заминале да се борат на страната на ИД околу 5.000 луѓе. Една третина од нив, според него, се вратиле.
Ново на Сител
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките
-
ДУИ: Се партизира судството
-
Фетаи добил закани по живот
-
Осветлена првата новогодишна елка во Грција за оваа година, традиционално во село на Халкидики
-
Аргентина: Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн