-->
-->
Европска лига: Македонија - Австрија (прв натпревар)
-->

Македонската одбојкарска репрезентација денеска го игра првиот од двата дуела од Европската лига против Австрија. Во моментов Македонија е на третата позиција во групата и сеуште има шанси за второто место и со тоа за настап на завршниот турнир. Сепак главна цел за нашите одбојкари се најпрвин две победи и освојување на шест бодови во дуелите со Австрија.
- По ланскиот успех посакуваме континуитет во Европската лига и да докажеме дека ланското трето место не беше случајност. Австрија е посилна од Данска и со макскимална ангажираност на сите играчи можеме да стигнеме до двете победи, изјави капитенот Никола Ѓорѓиев.
Првиот од двата дуела меѓу Македонија и Австрија се игра попладнево со почеток во 14 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека вториот дуел се игра утре со почеток во 19 часот.
Синоќа на дуелите од А групата: Израел – Полска 2:3 и Естонија – Данска 3:0.
Табела А група: Естонија 20 бодови, Полска 12, Македонија 10, Австрија 9, Данска 5, Израел 4.
Резултати Б група: Турција - Хрватска 3:2, Романија - Словенија 0:3, Грција - Белорусија 3:0 и Грција - Белорусија 0:3.
Табела: Словенија 20, Грција 20, Турција 8, Белорусија 7, Романија 6, Хрватска 5.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
-

Приведени шест малолетници од Скопје, со употреба на остар предмет од малолетник одзеле пари
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
