Европска потерница по вториот човек на Златна зора – можно е да се крие во српски манастир
Еден од основачите на Златна зора и вториот човек во партијата, осуден на 13 години затвор за формирање криминална организација Христос Папас, според грчката телевизија Стар, се крие во манастир во Србија, каде што нелегално стигнал преку Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Откако во октомври минатата година судот ја соопшти пресудата во процесот против Златна Зора, Папас беше недостапен за властите, а издадена е и европска потерница.
Грчката телевизија „Стар“, повикувајќи се на свои информации објави дека вториот човек на неонацистичката партија, со фалсификувани документи, преправен во монах, преку нашата земја стигнал до Србија, а истрагата е фокусирана на српски манастири што имаат блиски односи со грчки монаси кои се водат според стариот календар.
На рочиштата во последните месеци од судењето, Папас беше со брада, што според „Стар“, целта била за да може целосно да се вклопи во улогата на монах.
Христос Папас е единствениот член на Златна зора што побегна и четири месеци подоцна е недостапен за властите, а заедно со Јанис Лагос, кој е европратеник се единствените кои се осдудени и сè уште не се во затвор.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден