-->
-->
Европски цени за УЕФА Супер купот
-->

Полека се привршуваат и последните детали пред вечерашниот меч меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во рамките од УЕФА Супер купот.
Строгите правила за организација на овој настап кој ги делегира Европската фудбалска федерација (УЕФА). Воедно УЕФА ги одобрува и сите дозволи за работа на објектите во близина на Националната Арена ,,Филип Втори",
Љубителите на фудбалот кои ќе присуствуваат на вечерашниот меч ќе имаат можност да обезбедат и сувенири, маици и други реквизити кои ќе се продаваат на специјално определени и бренирани штандови.
Кога во прашање е освежувањето на гледачите. Пред арената се поставени штандови само со производи на партнерите на УЕФА. На истите ќе може да се купат пијанци, апетисани, сендвичи, но по европски цени.
Така, за газираните пијалаци и ледениот лај ќе се продаваат по цена од 200 денари или 3,3 евра. по истата цена ќе се продаваат џусот и кафето. Доколку сакате да се напиете вода ќе треба да одвоите 150 денари или 2,5 евра за количина од 0,4 литри.

Доколку пак сте гладни и саката да купите сендвич,кроасан или пак кикирики, семки и сончоглед, за едно пакување ќе треба да платите 150 денари или 2,5 евра.
Сепак најскапо ќе биде пивото и тоа безалкохолното кое ќе се продава по цена од 250 денари или 4 евра.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна
-

Ноќните температури во Атина синоќа достигнаа и до 33 степени
-

СПМ: Македонија не е предмет на бугарски историски диктат
-

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн
-

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина
-

Сирија и Израел одржале разговори со посредство на САД за намалување на тензиите
-

Почнува судењето против Груби и седум други лица за злоупотреби во „Државна лотарија“
-

Активни четири пожари и четири под контрола
