Европски тамбурашки фестивал по седми пат во Кратово

Меѓународна манифестација „Европски фестивал на тамбурашки оркестри“– Кратово 2017 ќе се одржи по седми пат на 8 јули годинава.
Настанот е под покровителство на Министерството за култура, градоначалникот на општина Кратово и Здружението за култура и уметност „Св.Ѓорѓи Кратовски“ од Кратово.
Од локалната самоуправа на општина Кратово информираат дека манифестацијата која прерасна во бренд на градот Кратово, е дел од вековната традиција на градење на македонската староградска песна, преку која се промовира нашето културно и музичко творештво.
На годинашниот фестивал ќе учествуваат оркестри и истакнати поединци од областа на тамбурашката музика од Европа, како „Беѓаруше“ од Пожега, Хрватска, тамбурашки оркестар „Тамбураториум“ од Панчево, Србија, РКУД „Пелагиѓ“ од Бања Лука, Босна и Херцеговина, оркестар „Кратовски тамбураши“ од Кратово, Македонија и легендата на македоснката тамбурашка музика, Нино Величковски.
Седмиот Европски фестивал на тамбурашки оркестри ќе се одржи во мултимедијалнито центар во Кратво, со почеток во 20 часот и 30 минути. Истиот е дел од Агендата на Европскиот тамбурашки сојуз за одржување на фестивали од Европски ранг.
Ново на Сител
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
