Европскиот парламент ќе гласа за резолуцијата за Македонија

Европскиот парламент денеска ќе гласа за резолуцијата за Република Македонија, која се однесува на извештајот на Европската комисија за 2016 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Резолуцијата предложена од словенечкиот европратеник Иво Вајгл е ставена на дневен ред за гласање напладне, заедно со резолуциите за Србија и Косово.
За време на јунската сесија во Стразбур, не е предвидено да се води дебата пред гласањето, со оглед дека европратениците веќе дебатираа за Извештајот и за ситуацијата во Македонија за време на мајската сесија, откако претходно беше одложено гласањето, се додека не се разјасни политичката ситуација во Македонија.
Со оваа резолуција, која беше усвоена од Комисијата за надворешни работи на ЕП, уште еднаш се препорачува започнување на преговорите за членство на Република Македонија со Европската Унија.
При усвојувањето на резолуцијата во комисијата „за“ гласаа 54 европратеници, а „против“ беа девет од кои седум грчки европратеници и двајца други од групата на Европската обединета и нордиска левица.
Ново на Сител
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
-

Променливо облачно и топло, наместа пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
