Фудбал
13. October 2019 - 19:52

Европскиот пасош се „визира“ во Варшава

Македонската фудбалска репрезентација е пред тешка задача вечерва во Варшава.  Квалификациски дуел за ЕП со првиот фаворит во групата  Полска.  Бодови ќе се бараат без повредените Адеми и Тричковски.  

                 Големи проблеми за селекторот  Игор Ангеловски  пред важниот дуел со Полска кој може да ни донесе важни бодови во битката за првите две позиции на табелата.

                По Барди, Крсте и Дарко Велковски  вечерва поради повреда нема да бидат во комбинации уште и  Адеми и Тричковски. 

                Добар знак е што се враќа Бејтулаи но за вечерва ќе бидат потребни повеќе свежи играчи по тешкиот натпревар со Словенија.

                Македонија нема избор мора да победува и на вакви натпревари за да ја оствари целта. А Полска е еден од најнезгодните противници.  Досега не победи три пати а ремизиравме само еднаш. Ја бараме првата победа против  тимот кој го предводи Левандовски  и минимално не победи во Скопје.

                Полјаците играат извонредно на свој терен и цели 6 години и вкупно 15 натпревари се без пораз.  Но секоја традиција има крај. На потег се  капитенот Пандев и неговите соиграчи....Играат добро на гостински терен каде се без пораз во овие квалификации. Нека биде така и вечерва во 20.45ч. во Варшава.