-->
-->
Европскиот првак има нов селектор
-->

Кошаркарскиот сојуз на Словенија (КСС) го именува Радо Трифуновиќ за нов селектор на репрезентацијата, која пред еден месец во Истанбул ја освои европската титула.
Словенија до историскиот успех на Европското првенство од клупата ја предводеше српскиот тренер Игор Кокошков, а Трифуновиќ заедно со Јака Лакович беше дел од неговиот стручен тим.
По завршувањето на ЕП, Кокошков најави дека ќе се повлече од функцијата бидејќи поради обврските во Јута Џез, нема да може да ја води репрезентацијата во квалификациите за пласман на Светското првенство и веднаш предложи на функцијата да го наследи Трифуновиќ. Инаку, Кокошков ќе остане во репрезентацијата, но само како советник.
КСС го прифати советот на Кокошков и во вторникот го промовира Трифуновиќ во селектор на репрезентацијата. Главна цел на овој тренер ќе биде Словенија да ја однесе на мундијалот што во 2019 година ќе се одржи во Кина. Словенците се во група со репрезентациите на Шпанија, Црна Гора и на Белорусија.
Квалификацискиот циклус ќе започне на 23 ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ученици од земјава ќе учествуваат на Олимпијада за роботски спортови на грчкиот остров Крит
-

Премиерот Мицкоски на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2”
-

Цената на нафтата расте по обраќањето на Трамп за Иран
-

НАСА ја лансираше мисијата Артемис II, прв лет со екипаж кон Месечината по повеќе од половина век
-

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу брзо, исклучително силни напади во наредните недели
-

Возел во спротивна насока, а кога бил запрен му се заканувал на полицискиот службеник, приведен вработен во МВР
-
Без струја делови од Илинден, Кисела Вода и Центар
-
Облачно со дожд, на повисоките местa и снeг
